Живот и Стил

Зачин што ги брише подочниците, а сите го имаме дома

Зачин што ги брише подочниците, а сите го имаме дома

Куркумата најчесто се користи во исхраната, но може да биде одлична помош во борбата против подочниците кои се вистински кошмар и за мажите и за жените.

Иако куркумата главно се користи како зачин во исхраната, може да придонесе и за нашата убавина. Поточно, куркумата помага во борбата против подочниците кои се вистински кошмар и за мажите и за жените.

Имено, оваа тропска билка ја содржи активната состојка куркумин, со силно противвоспалително дејство, што влијае на намалување на подуеноста. Сè што треба да направите е густа смеса од куркума со малку сок од ананас и да ја нанесете на темните кругови околу очите. Но, водете сметка смесата да не ја нанесете премногу блиску до очите.

По десетина минути, остатоците од маската отстранете ги од лицето со топла крпа и ќе го забележите ефектот.

извор:нетпрес.ком.мк

To top