Користете медицински масла
Како да ги третираме со помош на природни есенцијални масла, напиша Невен Карин, фитотерапевт, духовен и енергетски исцелител, за магазинот „Сенса“.
„Најчеста грешка при лекувањето на акните е употребата на разни средства за чистење на лицето, кои во исто време ја отстрануваат природната заштита на кожата, што ја прави уште поранлива. Инаку, сапуните обично имаат pH вредност од околу 9 или 10, што го отстранува киселиот слој на кожата, оставајќи ја многу ранлива. За споредба, 0 е исклучително кисела, а 14 е исклучително базна, додека 7 е неутрална pH вредност, што е воедно вредноста која ја има водата. Нашата кожа треба да има природна pH вредност од 5, што е малку кисела, но честото миење и употребата на разни производи кои немаат соодветна pH вредност доведува до нерамнотежа, оставајќи ја нашата кожа незаштитена. Поради оваа причина, многу е важно да се врати природната pH вредност на кожата по употреба на такви производи или отстранување шминка. Кожата со акни бара упорност и редовна примена и најдобро е третманот да биде индивидуализиран“.
Масло за општа нега на кожа погодена од акни
10 мл масло од лешник
8 мл сквалан
5 мл масло од таману
5 мл масло од јојоба
8 капки есенцијално масло од чајно дрво
7 капки есенцијално масло од лаванда
5 капки есенцијално масло од германска камилица
2 капки антиоксидативен екстракт од рузмарин
Истурете ги сите состојки во шише од 30 мл, добро протресете и нанесувајте ги на местото погодено од акни 1-2 пати на ден, идеално на кожа навлажнета со соодветен хидролат или лосион.
извор:курир.мк