Радио Милева двојно славје

Забава до зори во вилата на Шијан во Сурчин: Се славеше раѓањето на Вукан, а потоа Вељко Ражнатовиќ го зел и микрофонот (фото)

Забава до зори во вилата на Шијан во Сурчин: Се славеше раѓањето на Вукан, а потоа Вељко Ражнатовиќ го зел и микрофонот (фото)

Синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан го доби второ дете, а неговата сопруга Бојана на свет донесе син, кој гордите родители го крстија Вукан. Интересно е што Вукан е роден на роденденот на баба  му Гоца, а по тој повод се одржа двојна прослава во вилата на семејството Шијан во Сурчин.

Гостите ги забавуваше нивната долгогодишната семејна пријателка, Злата Петровиќ, инаку повеќедецениска најдобра пријателка на Гоца Божиновска. На прославата присуствуваше и Вељко Ражнатовиќ, кој е оженет со сестрата на Бојана, Богдана, кој цело време заедно со сопругата пееше и се забавуваше.

Синот на Цеца во еден момент се опуштил, седнал до сопругата, го зел микрофонот и запеал, па ги воодушевил сите гости.

Да потсетиме, Бојана и Мирко во август 2021 година станаа горди родители на нивниот прв син Зоран, кој го доби името по неговиот дедо, покојниот татко на Мирко, Зоран Шијан.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/

To top