Фолк пејачката Сузана Гавазова за разлика од повеќето свои колеги кои ја ставија кариерата во мурување поради состојбата со коронавирусот и забраната на музичките настани, таа работи на нов материјал, па неодамна снимаше и спот во Охрид.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/suzana-gavazova-bez-da-se-razvede-dobi-ushte-eden-svrshenichki-prsten-nesuden-foto/
Сузе ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, но и живее по свои правила кога е позитивната енергија и менталната хигиена во прашање.
Забавите се оставени за некои подобри времиња кога на короната ќе и кажеме збогум, а дотогаш, Гавазова има свој начин како да си направи забава и да ги наполни батериите со она кое и го сака душата.
Се облече како за излегување или настап, во кусо фустанче кое ги истакна нејзините долги нозе и бујниот задник, си направи фризура, шминка, облече високи потпетици и сето тоа за по дома, за свој ќеф.
Си пушти музика на која се разигра и замеша со колковите, а тука беше и сопругот Јасмин за да ја снима оваа домашна корона забава како што напиша пејачката во описот на објавите.
Едно е сигурно, секој од нас треба да го најде својот „издувен вентил“, искажете ги чувствата, забавувајте се во согласност со животот од новото време, ширете љубов… Така полесно ќе го надминеме ова време-невреме кое еднаш мора да попушти.