Кога трендот букле се појави минатата година за време на карантинот, тој веднаш стана стилска текстура во која најдовме извор на удобност. Издржливата и нежна ткаенина, која најчесто е во бели и беж нијанси, почна да се појавува насекаде.
View this post on Instagram
Овој тренд го започна финско-американскиот архитект и индустриски дизајнер Еро Сааринен уште во 1948 година. Тој го дизајнирал иновативниот стол „Womb“ на барање на Флоренс Нол, која барала „стол што ќе биде како корпа полна со перници“.
Фактот дека „bouclé“ на француски значи „завиткано“ ја објаснува инспирацијата за дизајнот на Сааринен.
Седум децении подоцна, овој тренд продолжува да доминира во светот на ентериерите, завиткувајќи ги најмеките парчиња мебел со бесконечна волнена ткаенина. Покрај тоа, обично следи необични силуети и форми.
Погледнете ги фотографиите во продолжение кои ги отелотворуваат ретро вибрацијата и неодоливиот минимализам на најубав можен начин.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: кафепауза