Фановите на серијата „Игра на тронови“ тешко дека ќе можат да одолеат за Велигден на својата маса да имаат и едно змеј -јајце.
За тоа ќе ви биде потребно јајце од стиропор, округли метални шпенадли, картон и лак за нокти или спреј за боја.
Шпенадлите забодете ги на картонот и исфарбајте ги со боја за нокти/ спреј за боја. Кога ќе се исушат една по една забодете ги во јајцето од стиропор, почнувајќи од врвот на јајцето кон средината.
За повеќе детали погледнете во видеото подолу.