Оваа стара народна приказна никогаш не е научно докажано дека навистина функционира, но тоа не значи дека не треба да пробате комбинација на млеко со додатоци кои, како што докажа науката, навистина ни помагаат да заспиеме побрзо.
Тие изгледаат вкусно, и се, и можат да ни помогнат да се опуштиме, да ја ублажиме мускулната тензија и да спиеме подобро.
Се пијат како здрав вечерен десерт или можете да ги додадете во вашиот вечерен ритуал пред спиење.
Топло млеко со жалфија
За да заспиете на здрав начин, експертите сугерираат дека најдобро е да се искористи моќта на лековитите билки. Еден од испробаните пијалоци е топло млеко со жалфија.
Во чаша врело млеко растворете една лажица корен од жалфија. Во млекото додадете 5 гр мед.
Сè добро измешајте. За полесно да заспиете, неопходно е да го пиете овој топол напиток 30 минути пред спиење.
Топло млеко со лаванда
За блажен сон доволно е да се напиете топло млеко со лаванда. Од чај до ароматерапија, лавандата често се користи за подобар и мирен сон и релаксација.
Но, наместо само да го вдишувате корисниот мирис на лаванда, зошто да не пробате да пиете млеко со ова растение за релаксирање.
Терапевтската природа на лавандата е очигледна, од помагање при анксиозност до заздравување на рани на кожата.
Извор: Курир.мк