Актерката Памела Андерсон се омажи за својот телохранител, кого го засака за време на карантинот, пишува „Daily Mail“.
Таа се вети на вечна љубов по четврти пат, овој пат на Дан Хејхурст, бодибилдер од нејзиниот роден град. Венчавката се одржа на интимна церемонија во Ванкувер, Канада, на Божиќ.
Во интервју за „Daily Mail“, таа рече: „Јас сум токму таму каде што треба да бидам, во рацете на еден човек кој навистина ме сака“.
Андерсон е од Канада, а свадбената церемонија ја водеше локален свештеник, а парот размени традиционални завети.
View this post on Instagram
Венчавката се одржала на имот што Памела го купила од својата баба и дедо во Ледисмит во источниот дел на островот Ванкувер.
Невестата носела бела венчаница со долг превез во стилот на принцезата Дијана, додека на нозете носела ловџиски чизми. Младоженецот бил во едноставен костум.
Двајцата се сретнаа на почетокот на карантинот и оттогаш се заедно 24/7.
„Оваа година што сме заедно изгледа како седум, како кучешка“, се пошегува таа, пишува споменатиот медиум.
“Заљубена сум. Ние се венчавме на Божиќ со благослов на нашите семејства, секој што го познаваме е среќен за нас. Се омажив на имот што го купив од баба и дедо пред 25 години. Моите родители се венчаа тука и се уште се заедно. „Се чувствувам како да го комплетирам тој круг“, рече Памела.