Секоја припадничка на понежниот пол, особено оние што се појавуваат пред камери, се трудат да изгледаат совршено.
Избор на комбинација, фризура, шминка… тоа најдобро го знаат дамите, но пејачките и водителките особено имаат поголема посветеност на изгледот која бара и доста време.
Секојдневно се случуваат снимања на емисии, прослави, промоции, а ТВ водителката Ирена Спировска е една од нашите познати водителки која е меѓу најангажираните, па постојано има за предизвик да го избере најдобриот аутфит за себе.
Овој пат за една таква специјална прилика, односно снимањето на новиот телевизиски музички проект „Музика на кирилица“, каде гости и беа: Биба Додева, Давид Темелков и „Фикшн бенд“, Ирена избра комбинезон во металик нијанса, крој што ја истакна нејзината витка линија, но најмногу се истакна нејзиното длабоко деколте од кое ѕиркаше црниот градник.
А кога Ирена Спировска се одлучува да избере нешто такво, тоа изгледа вака: