Радио Милева непрофесионално

„За ова ли плативме 1.500 евра?“: Мадона ги налути обожавателите на вториот настап во Лондон (фото) 

„За ова ли плативме 1.500 евра?“: Мадона ги налути обожавателите на вториот настап во Лондон (фото) 

Мадона неодамна ја започна својата светска турнеја „Celebration“ со настапи во Лондон.

Како што е познато, турнејата ја одложила откако поради сериозни здравствени проблеми завршила во болница, кога се бореле за нејзиниот живот. Сепак, таа се опорави и реши што поскоро да ја започне турнејата, а фановите сега ја нападнаа, незадоволни што ги прекина двата концерти во Лондон.

На првиот настап, како што пренесува „Дејли мејл“, таа имала технички проблеми, додека вториот настап во лондонската О2 Арена во неделата завршил ненадејно во 23 часот, односно половина час порано. Таа на тој начин ги лиши фановите од четири песни од сет листата, меѓу кои „Like a Virgin“, „Bi**h Madonna“ и „Holiday“, а концертот го заврши со песната „Rain“ наместо „Celebrate“.

Иако главната причина за нејзиниот потег е најверојатно фактот што по правило концертите во О2 арената завршуваат најдоцна до 23 часот од понеделник до сабота и најдоцна до 22:30 часот во недела – нејзините фанови не го видоа тоа како оправдување.

Имено, тие на социјалните мрежи коментираа дека Мадона ќе имала време да го изведе целиот настап доколку се појавила на сцената на време, односно во 21 часот кога и официјално требаше да започне концертот.

Бидејќи билетот чинел од 1.300 фунти, односно 1.500 евра нагоре, луѓето пишувале дека се чувствуваат како да се „украдени од крајот на концертот“.

„Разочарана сум што концертот заврши толку рано“, „Мадона, те молам почни да пристигнуваш навреме за твоите настапи“, „Знаеме дека сакаш да ги кршиш правилата, но ова е навистина погрешно“, „Беше преубаво, но и разочарана сум“, „Плативме ли за ова?“, „Ова е непрофесионално“, се само дел од коментарите на луѓето на интернет.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top