Синот на Лепа Брена до пред неколку години се бореше со вишокот килограми. Виктор Живојиновиќ ослабе дури 40 килограми со добро одбран режим на исхрана и редовна физичка активност.
Дека упорноста се исплати докажа и Виктор Живојиновиќ кој сега изгледа непрепознатливо.
View this post on Instagram
Вишокот килограми му се само минато, а на промоцијата што ја организираше Лепе Брена за нејзината линија долна облека Лејди Б, тој ја покажа фигурата на која вложил многу труд.
Наследникот на фолк дивата облече црни панталони и црна кошула, а монотонијата стручно ја разби со маслинесто зелено сако.
Брена сега може да биде мирна бидејќи не криела колку страдала поради вишокот килограми на нејзиниот син.
– Со Боба секогаш правевме вечери кога децата беа мали и затоа Виктор стигна до бројката од 163 килограми. Многу страдав поради тоа. Толку ми беше тешко што плачев – призна еднаш пејачката.
фото:Стори.рс/Инстаграм принтскрин