На актуелниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, велешанецот Мики Секуловски, ѕвездите му се наклонети повеќе од кога било.
Мики е еден од најпофалените натпеварувачи во ѕвездите на Гранд, па иако и претходно имал големи успеси во шоуа за таленти, овој пат се чини дека за него дојде вистинското време.
View this post on Instagram
За Мики не мора да има договорена тезга, снимање во Белград или слично, на талентираниот велешанец никогаш не му е доста од песна.
Тоа го покажа и во едно од своите најнови видеа кое се најде на неговите профили од социјалните мрежи. Па така, иако беше два по полноќ, Мики качен на блакон под отворено небо со гитра во рацете, доби желба да ги искаже своите емоции и моментално расплложение, а како ако не поинаку, туку преку песна.
„Рано је за тугу“ од Харис Џиновиќ беше изборот на Мики, рано наутро, но не рано и за пена и тоа отпеана со „полна гас“.
Сопирачки за Мики немаше се додека не си го направи меракот, својот, а и на оние кои му правеа друштво кое без сомнеж уживаа.
Свесен дека ќе ги разбуди комшиите, кои веројатно навикнале Мики да им пее, а за овој утрински испад веројатно ќе му прогледаат низ прсти на популарниот сосед.
-Ги разбудивме комшиите“, напиша во описот, а во прилог стави и насмеани емотикони.
Се надеваме дека откакло Мики по бурната ноќ се наспа, а и на соседите им беше доволно сон, при првата средба немаше проблем, туку потреба само од едно извинување.
фото:Instagram printscreen/ mikisekulovski