Од познатите на социјалните мрежи навикнавме постојано да гледаме и очекуваме некаква реклама и тоа како инфлуенсери ни сугерираат да купиме и користиме разни производи.
И токму кога помисливме дека и Калиопи сака да направи една таква реклама, во случајов за вода – се излажавме.
Македонската поп дива направи отстапка од она што го прават сите, и тоа на толку едноставен и оригинален начин, а со толку силна порака во која вели:
-Имате ли и вие утра во кои мислите дека небото вам ви се насмевнува, а вкусот на водата е како од истопен планински снег ?
Еве, такво е моево утро! И воопшто не ми е гајле што косата ми е разбушавена, што очите ми се полузатворени, кога срцево ми пее!
Имајте преубав викенд, драги луѓе и запомнете,за среќа, доволно е небото и мирисот на водата… напша Калипи а од ова треба да чукне часот и од утрото на повеќемина кои ќе се стават на испит.
Уживањето не е во луксузот, наместените маси полни со се’, нашминканите лица и фризурите за пред очите на сите.
Убавината е во малите нешта и најважно од се’ перцепцијата како ги доживуваме и со што го храниме нашиот дух.
На здравје со една чаша вода од која срцето пее!
фото:Инстаграм принтскрин/ Калиопи