Радио Милева „те сакам до бескрајот“

За Елена Ристеска 22.02.2022 беше најубав ден: „Да можев уште сто пати да се родам пак ќе одберев и посакав да ми бидеш мајка ти во сите животи, мами“

За Елена Ристеска 22.02.2022 беше најубав ден: „Да можев уште сто пати да се родам пак ќе одберев и посакав да ми бидеш мајка ти во сите животи, мами“

Македонската пејачка Елена Ристеска на 22.02.2022 имаше повод за славење и радување.

Имено, на тој ден нејзината мајка славеше роденден, а пејачката со емотивна порака и го честиташе преку социјалните мрежи.

Ристеска на „Инстаграм“ објави фотографија со нејзината мајка, а во описот на истата напиша:

-Вчера беше најубав ден, 22.02.2022 на мојата мајка роденден. Вчерашниот беше и ангелски број 22022022 , затоа што си ангел кој не’ чува. Да можев уште сто пати да се родам пак ќе одберев и посакав да ми бидеш мајка ти во сите животи, мами. Те сакам до бескрајот!, напиша пејачката.

Под објавата се нижеа честитки од нејзините следбеници, пријатели.

Инаку, Елена обожава да го поминува времето со своите најблиски, со своето семејство, односно нејзината сестра, мајка, внука, но ретко од нив споделува фотографии на социјалните мрежи, сепак знае да направи исклучок.

Елена пред три години започна нов бизнис односно „Era cosmetics“, лансираше машки и женски парфеми, а подоцна и гелови за туширање, па како што истакна неколку пати нејзината сестра и била голема поддршка во овој проект.

Потсетуваме, таткото на македонската пејачка почина пред пет години, ја изгуби битката со опасната болест, а таа често знае да се потсети на него.

фото: принтскрин/инстаграм/elenaristeska_era

To top