Радио Милева
Цена за метар2,плус со пеење?

За Андријана Јаневска нема машко-женски работи, а овој пат од она што го направи докажа дека е маестрална со резултат за кој и професионалците ќе и симнат капа (фото)

За Андријана Јаневска нема машко-женски работи, а овој пат од она што го направи докажа дека е маестрална со резултат за кој и професионалците ќе и симнат капа (фото)

Веќе и птиците на гранките знаат дека мајстор за поправки и изведби во домот е многу тешко да се најде, особено во летен период, а згора на тоа цените за услугите се дојдени до плафон.

Пејачката и виолинистка Андријана Јаневска го имаше ова во предвид, па ги зема работите во свои раце.

Кај неа очигледно нема поделба на машко-женски работи, па се реши да ги засука ракавите и да го земе алатот за молерисување во раце.

Имено, Андријна за првпат успеа совршено да ја бојадиса во зелени нијански собата на своето помало синче Кико кое очигледно обожава зелено.

Како изгледаше процесот качена на скала додека бојадисува, не го покажа, но завршниот резултат беше доволен за да собере многу воодушевувачки коментари.

Додека едни се чудеа како успеала без да ја болат рацете и мускулите, таа им откри дека има кондиција од свирењето виолина.

Следеа и духовитите коментари дека сакаат да ја договорат да молерисува и кај други, па прашаа колку чини метар квадрат со бонус пеење?

Андријана Јаневска следи фудбал, игра шах, лови риби, вози мотор, а сега и молерусува, наедно, докажа дека жена за се’!

фото:Фејбук/Андријана Јаневска

Останати вести од Радио Милева