Живот и Стил за гарсоњера

За 3 години заштедила пари за стан: На социјалните мрежи споделила генијален трик за штедење кој сите можеме да го примениме

За 3 години заштедила пари за стан: На социјалните мрежи споделила генијален трик за штедење кој сите можеме да го примениме

Шери Хауви ги воодушевила сите со својот начин на штедење пари, а вака можат да штедат сите кои имаат доволно големи примања за да ги покријат сите животни трошоци.

Шери Хауви станала вистински хит на интернет откако го споделила едноставниот трик со кој за три години успеала да заштеди пари од кои си купила стан.

Таа уште во 2015 година си купила нов стан во Окленд откако за него штедела само три години.

„Мојата мајка ме научи вака да го организирам трошењето пари и по три години можев да си купам стан“, напишала Шери.

Ова е нејзиниот трик

Таа тврди дека неопходно е своите примања да ги поделите на три различни делови. Во првиот дел одвојте пари за сметки и кирија. Во вториот дел пари за живот – одење на фризер, доктори, продавници, купување гардероба. Третиот дел е најважен, таму одвојте пари кои сакате да ги заштедите и трудете се таа сума на пари секој месец да биде малку поголема.

Таа вели дека многу е важно да се придржувате до овие три поделби на вашите финансии и да не трошите повеќе од планираното.

„Немојте да бидете во искушение од другите делови на парите, важно е да се придржувате до тоа што самите сте го одредиле“, советува Шери која објаснува како на овој начин не треба да штедите нужно за стан, туку за тоа што сакате да си го купите или пак за некое патување.

To top