За неколку месеци, животот на 22 годишната пејачка Антониа Гиговска ќе се смени од корен и тоа на начин што стопена од убавини, нема да знае што ја снашло.
Антониа ќе стане мајка, најубавата улога што може да ја има една жена, улога која ќе ја претвори во личност каква и самата не знаела дека може да биде.
View this post on Instagram
Гиговска од неодамна кариерата ја стави во мирување, а бебенцето во стомакот, како минува времето, од ден во ден, месец во месец, се повеќе си расте.
Новина е за идната мама да го гледа своето тело како се менува секојдневно, да прибегнува кон комфорот и се повеќе да бара удобност.
Иако го знае полот на бебенцето, Антониа се уште не се решила да го открие јавно, но затоа на Денот на жената упати честитка до припадничките на понежниот пол и во таа прилика го покажа нараснатото трудничко стомаче.
Таа се враќаше од преглед, па држејќи ја снимката од ултразвук, покажа дека бременоста ја води во една од приватните клиники во Скопје, а го означи и докторот кој ќе се грижи за здравјето на мама и бебето во утробата.
Бременоста ги менува жените, а кај Антониа се гледа дека блеска од убавина, верјатно мачините завршија, па сега таа може да се предаде на благодетите од блажената состојба, пред се на оние кога бебенцето веќе комуницира со мама преку движењата во стомакот.
Наскоро, од стомакот во нејзнините раце ќе биде целиот универзум. Само со лесно!