Мегафон ПРОГНОЗА

Време: Снег и во следните два дена, а од среда дожд до крај на неделава

Време: Снег и во следните два дена, а од среда дожд до крај на неделава

Во Македонија врне снег, иако календарски настапи пролетта. За денеска, 23 март 2020 год. се најавува облачно, студено и ветровито време со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Засилен северен ветер ќе дува долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 5 степени.  

Во Скопје облачно со повремен снег и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне само до третиот степен.

Повремени врнежи од снег ќе има и утре – вторник, како и во среда. Најобилни ќе бидат врнежите во источните делови од државата кде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 сантиметри. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу пет сантиметри, освен на планините каде се очеува повисока снежна покривка.

Според прогнозата на синоптичарите, облачното време ќе се задржи до сабота, но врнежите поради затоплувањето ќе бидат главно од дожд.

To top