Исчистете го организмот пред обилните Божиќни ручеци
Започнува тој дел од годината кога вареното вино, колбасите и баклавите ќе станат дел од секојдневниот живот. Треба да отидеме на сите оние Божиќни забави на кои сме поканети, да јадеме од колачите на мајките и бабите и по некоја лажица француска салата. Подуеност, тешко варење, лош здив, проблематичен тен и болки во мускулите, се само некои од знаците дека на вашето тело му треба детокс. Ако не се исчистиме од отровите што се насобрале во текот на годината, можеме да го ослабиме имунолошкиот систем. Затоа пронајдовме неколку едноставни рецепти за детокс сокови кои можете лесно да ги направите дома и да го исчистите вашето тело пред Божиќното лудило.
Сок од портокал, морков и ѓумбир
Состојки:
• 1 морков
• 2 портокали
• 1 лимон
• 4 см корен од ѓумбир
• половина чаша вода
Излупете ги сите состојки, исечете ги на помали парчиња и ставете ги во блендер. Консумирајте го свежо подготвен.
Сок од цвекло, јаболка и портокал
Состојки:
• 150-200 гр свежо цвекло
• 100 мл сок од јаболко
• 100 мл сок од портокал
Излупете го свеклото, изрендајте го и добро исцедете го сокот. Сокот од свеклото ставете го во чаша, додадете ги сокот од јаболко и портокал па промешајте.
Сок од брокула, морков и јаболка
Состојки:
• 1 дршка брокула
• 2 моркови
• 1 јаболко
Ставете ги сите состојќи во соковникот. Направете сок и консумирајте го свежо подготвен.
извор:попара.мк