Македонскиот пејач Александар Белов сподели фотографија стара 5 години на која позира заедно со неговата колешка познатата македонска поп дива Калиопи.
Белов кој кариерата ја градеше во Македонија се до моментот која ја запозна љубовта на неговиот живот Јелена Станковиќ од Крагуевац, Србија и замина да живее кај неа па, таму продолжи да го работи она што го сака.
Сега на неговиот профил, откако апликацијата Инстаграм направи потсетник што и каде бил на денешен ден, Белов носталгично веднаш побрза и ја сподели објавата која му побуди убави спомени.
„Совршена вечер, преполно позитивна енергија, честитки за сјајниот концерт“- пишуваше во старата објава , а мислата која му поминала низ глава тој реши да ја сподели со сите па, искрено напиша:
„Време е да се повтори ваква вечер“ , означувајќи ја Калиопи на објавата.
„Време е 100 проценти“ – му одговори Калиопи откако ја сподели фотографијата и таа на нејзиниот Инстаграм профил.
Со тоа тие потврдија дека убавата дружба меѓу нив е секогаш добредојдена, а Калиопи веќе е подготвена да направи уште подобра и возбудлива концертна атмосфера.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Александар Белов