По напуштањето на „Задруга 2“, Луна Ѓогани заплови во музичките води и ја издаде нејзината прва песна „Деветти круг“ и од Македонија ги започна своите први настапи.
Бидејќи реши да не застане тука, Луна објави нова песна насловена„У љубави луда“.
На социјалните мрежи, Луна и нејзината кариера се главна тема, при што многумина ја споредуваат со нејзината поранешна пријателка и сегашна ривалка, Анастасија Ражнатовиќ.
Веjко Ражнатовиќ, синот на Цеца и братот на Анастасија, а наедно и прво момче на Луна, забележа дека ги споредува Луна и сестра му и не му се допадна тоа што се пишува.
– Растури! Луна има Х-фактор за кој Анастасија само може да сонува. Џабе и е мама Цеца! – пишуваат на социјалните мрежи.
– Резултатите се доказ за успех, а Господ гледа сè. Еве каде е Анастасија Ражнатовиќ без Х фактор и каде е симболот на српската музичка сцена Светлана Ражнатовиќ. И посакуваме на Луна од нашата фамилија се најдобро во понатамошната кариера, од срце. И јас би побарал од другите да се вратат во реалноста – коментираше Вељко Ражнатовиќ во одбрана на сестрата и мајка си.