Радио Милева

Врањеш по разводот ќе плаќа само алиментација од 3 000 евра: Еве на кого припаднале двата локала и станот

Врањеш по разводот ќе плаќа само алиментација од 3 000 евра: Еве на кого припаднале двата локала и станот

По аферата со Јелена Карлеуша, босанскиот фудбалер Огњен Врањеш официјално се разведе од неговата сопруга Даниела.

Тој ја потврди ова информација и истакна дека се надева дека нивните односи сега ќе бидат подобри отколку кога биле во брак.

Како што пишува курир.рс, Огњен секој месец ќе плаќа алиментација од 3000 евра за својата ќерка. Меѓутоа како што пишува порталот, тој на својата сопруга не и оставил ништо.

фото: твитер

Според тврдењата на извор, двата локали и станот во Бањалука останале во сопствеништво на фубалерот.

„Огњен уште кога беше во врска со Карлеуша, својот имот го прерфли на името братот и мајката. На Даниела и се оправдуваше дека сака да земе кредит за стан. Даниела безусловно му веруваше на Врањеш и беше убедена дека нема да ја остави без стан“ вели изворот.

фото: ана паунковиќ/ немања николиќ

„Според договорот од разводот, Даниела ќе може да живее во станот додека нејзината ќерка не наполни 18 години. На Даниел и припадна автомобилот кој е регистриран на нејзино име. Најспорна работа во разводот беше околу деловниот простор за кој Даниела се трудеше да докаже дека е купен за време на бракот“ вели изворот.

Исто така медиумите пишуваа дека наводно Врањеш на Карлеуша и купувал скапоцени подароци, како што се чанти од 15 000 евра.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, пред неколку месеци во медиумите се појавија вести дека Врањеш ја изневерува Карлеуша и дека наводно таа му праќала експлицитни фотографии.

 

To top