Кај македонската ријалити ѕвезда, модел, инфлуенсерка и екс- ТВ „Ред“ водителка Елеонора Миљковиќ дома очигледно постојано е весело. Така барем изгледа по сето она што таа го споделува на социјалните мрежи, особено на својот Инстаграм профил. Речиси нема ден да не се најде повод за славење, а кај нив во домот очигледно секоја прослава оди во пакет со добра забава!
Така беше и овој пат, кога одново се собра целата фамилија за нова прослава. Поводот – денот што го чекаме цела година, особено кога сме деца, иако очигледно дека роденденот знае весело да се прослави и во позрели години. И тоа со роденденска журка во чест на госпоѓа мама.
Имено мајката на Елеонора, го славеше својот… не е ни важно кој роденден, иако на свеќичките од роденденската тортата се’ убаво си пишува. Но, на дамите не им се бројат годините, а на оваа не посебно, зашто изгледа многу помладо од што и пишува во личната карта, зашто волку атрактивна, згодна и убава мајка, ретко кој има. Од око се веднаш се гледа од кого Елеонора ја наследила генетиката.
А госпожа мама Маргарета за својот роденден изгледаше како да цвета. Впрочем тка изгледаше и цветната роденденска торта над која славеничката беше највпечатливиот цвет. Насмеана од уво до уво, во деколтиран долг тесно припиен фустан со леопардов принт до витото тело, славеничката изгледа како на нејзината ќерка да и е најдобра другарка, а не мајка.
Расположението и веселиот и ведар дух дополнително и го потенцираат младешкиот изглед, кој надополнет со опуштеното неформално однесување, славеничката ја прави речиси неодоливо заводлива.
Оној што треба да биде заведен оддамна е, но сепак… Секогаш, особено во ваки прилики не е лошо малку да се „подраспали стариот оган“, па како поинаку ако не со заводлив танц на роденденската ѕвезда.
Овој пат во стилот: „Да ти играм чочек бре чичо“… танцувајќи околу својот сопруг, кој не можеше да и одолее и…
„Чичо падна на чочекот“, а славничката заврши во неговите машки прегратки… Можеби како увертира за вистинската роденденска честитка?
Но танцот тука не зваршува, зашто роденденската атмосфера кај семејството Миљковиќ толку се вжештува, што на танцот му се придружи уште една ѕвезда…
Тазе мажената госпоѓа Нора, која во придружба на веќе разиграната госпоѓа мама, танцот го преточи во вистински визуелен празник за очи.
А кога мајката и ќерката танцуваат воздишките не стивнуваат…
Се игра, се крши, се меша, се нишаат колковите, не се знае која од која поубаво, позаводливо и посекси танцува, додека уште една година од животот на славеничката се прославува!
Се’ на се’, весело… и возбудливо!
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__