Пејачката и доктрка Симона Поповска во месец август минатата година стана мајка по вторпат и на свет го донесе синчето Стефан кое сега има шест месеци.
Кога преку социјалните мрежи таа обзнани дека со сопругот Крис станале родители по вторпат, веста дојде како гром од вредро небо со оглед на тоа дека целата бременост помина во тајност од јавноста.
Но, она што сега мама Симона сакаше да го покаже, се токму тие денови од втората бременост. Имено, минатата година за Денот на вљубените тие во интимент амбиент заедно со сопругот и синчето Никола, имале еден доста возбудлив Св. Валентин – денот кога го дознале полот на бебето.
Тоа машко бебе денес е најубавиот подарок што мама Симона може да го има покрај двајцата мажи, сопругот и помалото синче Никола, таа има уште едно машко засилување.
Малиот Стфеан сега го дочека празникот дотеран од мама во преслатки детали кои ја симболизираат љубота.
А што повеќе може да се посака? Плодовите на љубовта веќе се во рацете на мама и тато!
фото:Инстаграм принтскрин/Симона Поповска