Живот и Стил

Воспаление на слепо црево: Ова се симптомите поради кои треба веднаш да се јавите на лекар

Воспаление на слепо црево: Ова се симптомите поради кои треба веднаш да се јавите на лекар

Слепото црево е дел од дебелото црево кое се наоѓа во долниот десен дел на стомакот (абдоменот). Додека сме деца, слепото црево претставува активен дел од имунолошкиот систем кој му помага на телото во борбата против разните болести.

Како што старееме, слепото црево престанува да ја има таа функција, а други делови од телото продолжуваат да помагаат во борбата против инфекциите, пренесува „Johns Hopkins Medicine“.

Меѓутоа, слепото црево може да се инфицира и тогаш доаѓа до воспаленија, а ако не се лекува на време може да пукне и да предизвика сериозни компликации, понекогаш дури и опасни по живот.

Пукањето на слепото црево во повеќето случаи се случува до 72 часа откако ќе се јават првите симптоми. Поради тоа воспалението на слепо црево бара итна медицинска интервенција за да се спречат кобни последици.

Што предизвикува воспаление на слепо црево?
Воспалението на слепо црево се случува кога неговата внатрешност е блокирана. Воспаление можат да предизвикаат разни инфекции како вируси, бактерии или паразити во дигестивниот тракт. Исто така, понекогаш може да се појави воспаление кога слепото црево е блокирано со столица.

Како да препознаете воспаление на слепо црево?
Симптомите на воспаление на слепо црево варираат од личност до личност, но најчесто се јавуваат болки во стомакот. Како што објаснуваат докторите, болките во главно започнуваат во подрачјето околу папокот и преминуваат на долната десна страна на стомакот.

Како што поминува времето, болките во повеќето случаи се влошуваат, а особено се силни кога лицето се движи, диши длабоко, го допира подрачјето на слепото црево и кашла или кива. Останатите вообичаени симптоми вклучуваат:

– мачнина и повраќање

– губење на апетитот

– покачена телесна температура

– потешкотии со празнење на цревата (констипација)

– дијареја

– надуеност

извор:точка.ком.мк

To top