Потребно е:
400 гр компири
250 гр маргарин
250 гр шеќер во прав
300 гр кокос
За декорација:
100 гр кокос
Подготовка:
Компирите сварете ги со кора, прелијте ги со вода и оставете ги да се изладат. Излупете и изгмечете со вилушка. Маргаринот се мати на собна температура додека не се запени со шеќер. Додадете го пирето и матете со миксер додека не се соединат и нема грутчиња. Додадете го кокосот и изматете да добиете еднолична смеса. Направете топчиња со саканата големина и валкајте во кокос.
Извор: Попара