Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ анимозитетот од претходната сезона во „Ѕвездите на Град“ го продолжуваат и во новото издание. Хаосот веќе започна, а Карлеуша го почна прва. Имено таа на Вики најпрвин и кажа:
-За разлика од тебе, јас сум професор за музика, а ти си чапја од Маринкова бара, а Вики пак снаодливо веднаш и возврати:
-Чапјата има слаби нозе и точно е, јас ги имам. А покажи ги ти твоите, кажа Вики па Јелена распали:
-За разлика од твоите чапјо, моите прекрасни нозе во Баленсијага изгледаат како милион долари, не се предаде Карлеуша, но ни Миљковиќ не застана:
-Малку дебели, но нема врска!
Расправата ја заклучи Босанац со констатацијата дека нивите сопрузи не си ја вршат работата кога тие двете доаѓаат на снимање жедни за кавга.