Јавната кавга помеѓу Јелена Карлеуша и Кија Коцкар не престанува два месеци, и како што изгледа, крајот се уште не и се гледа!
Имено, по вчерашната бурна расправија, Јелена и Кија повторно се „фатија за врат“ преку социјалните мрежи.
Прво, Јелена, како одговор на коментарот на Кија од претходната ноќ, силно го критикуваше Коцкар:
„Јас би им одговорила на овие ријалити мушички што јавно ме прозиваат, но сега не е јуни, туку октомври, така што ни нивната мајка веќе не се сеќава на нив. РИП“ – пишува Карлеуша.
По ова, следеше реакцијата на Кија, која не остана покуса, продолжувајќи го нивниот вербален пинг-понг:
„Хахаха, токму ти прва се фати за мене! И кога те игнорирам, ти продолжуваш, само за да бидеш во медиумите. Колку тажно!“ – возврати Кија.
По ова, Јелена кратко и одговори преку Твитер:
„И ова нека биде последен пат моето име и мојот лик да се ставаат во истиот контекст со полусвет на кој јас дури и името не му го знам“!
Фото: Марко Јовановиќ/АТА имиџис и Никола Томиќ/ Инстаграм принтскрин