Радио Милева неочекуван потег

Војаж почнува нов бизнис – еве каде планира да ги вложи парите од музиката (фото)

Војаж почнува нов бизнис – еве каде планира да ги вложи парите од музиката (фото)

Во својата објава на Инстаграм, Војаж откри дека планира да инвестира пари од музиката и глумата во отворањето на својот наргиле бар во Белград.
Раперот Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, важи за еден од најуспешните и најпопуларни млади изведувачи.

Покрај музиката, Михајло се проба и во актерството, а како што вели, сега планира да вложи пари во приватен бизнис.

Имено, Војаж одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм, а некој го замоли да го посоветува каде да најде добар наргиле бар во Белград.

– Наскоро ќе го отворам – му одговори раперот со емотикон што намигнува, навестувајќи дека наскоро ќе влезе во нов бизнис.

Михајло во неколку наврати истакна дека главната цел на неговата кариера е еден ден целосно да го обезбеди своето семејство.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марко Џоковиќ

To top