Магазинот „Вог“ ги избра десетте највпечатливи објави на Инстаграм во изминатите неколку дена.
Внимание привлекоа инспиративните објави, а и интересните трикови на инфлуенсерите.
На листата се најде селфито на Марта Стјуарт, со локни и златни обетки.
Фризерот Џонатан Ван Нес исто така привлече внимание, а на листата се најде и актерката Лола Кирке поради фризурата.
Внимание со својата фризура привлече и инфлуенсерката Стела Лусија, која на Инстаграм ја следат 100.000 луѓе.
„Вог“ на листата највпечатливи објави на Инстаграм го вклучи и видеото на активистката за позитивност на телото Ла’Теција Томас, која ја следат 1.7 милиони луѓе на „Инстаграм“. Таа го промовира трендот „боди позитивити“ – да бидете позитивно настроени кон своето тело со јадење здрава храна и вежбање.
Манекенката Ајрис Ло се пофали со својата нова избелена пикси фризура, со што го привлече вниманието на угледниот магазин.