Дненес повозрсната и помладата публика најмногу ја знае ТВ водителката Сања Савеска по кулинарскиот прокет „Брза кујна“, но Сања има подолго и подебело медиумско искуство со кое може да се пофали.
Пред да го направи трансферот во телевизија Сител, таа работеше во ТВ 24 каде водеше сосема поразничен проект од овој сега. Нејзините почетоци пак, се во радио и тоа кога имала само 15 години, пројавила желба и за актерство по што се запишала во школа за актерска игра.
Токму ова искуство тогаш и дава можност да синхронизира ликови во цртани филмови.
View this post on Instagram
Како што вели Сања за она што таа е денес и за професионалното и животно искуство му е благодарна на легендарниот актер Димче Мешковски. За нивната поврзаност таа му посвети голем статус на својот профил на Инстаграм во кој вели:
View this post on Instagram
-После 4 години повторно кафе со најдрагиот мој чичко Димче. Срцата полни. Имав само 15 години кога го запознав во радио, тогаш бевме колеги.Се воодушевував и радував што имам од кого да учам…и дека работам во исто радио со познатиот Мешко. Наскоро токму тој ја отвори првата школа за актерска игра, и без размислување се запишав. Тоа школо што го добив таму не се плаќа со ништо. Отидов да научам нешто повеќе за театарот и актерството, но научив многу повеќе. Животни лекции што ги нема ниту во книгите. Учев од вистински професионалец, и научив што е професионалност во работата. Таа школа ми ги отвори вратите во медиумите. Со него игравме претстави. Гледавме претстави. Бевме млада екипа која ги синхронизираше цртаните филмови во тогашната А1 телевизија. Ни даде вистински можности да ги истражиме и запознаеме медиумите. Ми стана учител, ментор и вистински пријател. Повеќе од 20 години сум благодарна што чичко Димче го имам за вистински пријател, мој и на моето семејство. Човек што ретко се раѓа и наоѓа. Мој чичко Димче, ти благодарам за сè!
Дека кафето им било слатко, нема сомнеж, а им посакуваме уште многу вакви средби и спомени кои ќе ги паметат и прераскажуваат.