Водителката Сања Маринковиќ важи за една од омилените ТВ лица, а речиси две децении ја води емисијата „Магазин ин“ на Пинк.
Меѓутоа, како што се менува времето и се повеќе напредува технологијата, односно интернетот е над телевизијата,Маринковиќ вели дека е свесна дека нејзината кариера наскоро ќе доживее промена.
„Благодарение на мојот син и неговото дружење со познатите, редовно ги следам случувањата на „Јутуб“ и размислувам дали би имала желба да направам интересна содржина за истиот“ вели Маринковиќ за „Глорија“.
„Времето ќе покаже дали сум подготвена за овој нов медиум“ вели водителката.
За потсетување, по нејзиниот ангажман на „Политика“, Сања започна да ја работи емисијата „Магазин ин“, а истовреме време работеше и на проектот „Се за љубов“ и „Брачен судија“.
Инаку, во денешно време се повеќе јавни личности стануваат инфлуенсери или јутубери каде што преку социјалните мрежи споделуваат разни совети, промовираат одредени брендови или снимаат влогови.