Радио Милева развод

Водителката на ТВ Телма и актерот не се повеќе во брак! (ФОТО)

Водителката на ТВ Телма и актерот не се повеќе во брак! (ФОТО)

Уште една позната брачна двојка повеќе не функционира заедно. Обајцата се јавни личности – тој актер, таа ТВ водителка на Телма.

Елена Митева и Висар Вишка повеќе не се во брак. Информациите говорат дека актерот и водителката веќе една година не живеат заедно. Тие се зедоа во 2012 година и по пет годишна брачна заедница, без голема помпа, медиумски публицитет врева и скандали, мирно се разидоа.

Иако некои уште на почетокот беа скептици кон мешовитиот брак меѓу Албанец и Македонка, повеќето  тврдеа дека се работи за двајца интелектуалци чија љубов ги надминува националните предрасуди на средини како што нашава и Балканот воопшто.

Јас секогаш сум нетрпелив и веднаш посегнувам по тоа што го сакам, но со Елена чекав гладот од моите очи да премине и кај неа. Мислам дека една година чекав, зашто знаев дека таа е таа. Што и да кажам, ќе биде премалку и ќе испуштам милион други работи. Таа, едноставно, е единствена, различна од сите. Моја андрогена половина“ – изјавил за тогашниот дневен весник „Вест“, Вишка.

Додека пак Елена ќе каже: „Искрено, би било неблагодарно да одвојам само неколку работи. Тој е моето се. Чесно знаеме да кажеме деке сме едно и дека совршено се надополнуваме“ – изјавила за свршувачката Елена за „Вест“.

Сепак актерот, како што открива македонскиот портал „Репортер“ деновиве го потврдил разводот од ТВ водителката:

„Не сме заедно веќе една година. Но, тивко, без кревање врева, како што и го држевме приватниот живот само за нас. Бевме и ќе останеме одлични пријатели затоа што, сепак, имаме еден ангел. Неговата среќа и насмевка се најбитни за нас“.

Елена и Висар како што споменавме се зедоа во 2012 година и од заедничкиот брак тие го имаат четиригодишниот син Дион.

Висар Вишка деновиве е медиумски експониран како еден од говорниците во случајот „Правда за Алмир“ на протестите за случајот со прегазеното детенце од Куманово…

…додека Елена Митева и понатаму е една од ударните перјаници на водителскиот квартет на мошне гледаната утринска програма на ТВ Телма.

To top