Водителката Катарина Шишмановиќ важеше за една од најубавите и најпопуларните, а потоа наеднаш се повлече од јавноста.
За нејзината убавина се зборуваше исто колку и за нејзиниот љубовен живот. Откако заврши бурната врска, таа му вети вечна љубов на Дејан Китиќ, инвеститор осум години постар од неа. Свадбата на плажа се одржа во Доминиканската Република. Една година подоцна следел разводот, а причината била што Дејан немал намера да се пресели во Србија, а таа не сакала нејзиниот дом да биде во Словенија.
– Се разведов бидејќи повеќе не можев да бидам сама во бракот. Бракот значи дека двајца луѓе поминуваат време заедно, спијат и се будат заедно, го планираат денот, годината, животот, па дури и се караат. Бев во официјална врска со некого, а сепак живеев сама – изјавила Катарина за магазинот „Стори“ по разводот.
– Многу подобро се сеќавам на моментот кога мислев дека тој е личноста со која ќе го поминам остатокот од мојот живот. Бев сигурна дека не грешам. Сепак, и двајцата се венчавме многу брзо без да сфатиме колку жртви тоа повлекува… Особено кога живеете 600 километри оддалечени и чекате викенд за да поминете малку време заедно. Можеби пресуден беше моментот кога ми кажа дека никогаш нема да живее со мене во Србија – изјави поранешната водителка на емисијата „Се за љубов“, која наеднаш се повлече од малите екрани, но и од јавноста.
Затоа многумина изненади кога таа се појави на концертот на Стјепан Хаузер. Катарина покажа дека нејзиниот изглед не се менува со текот на годините. Имаше црн фустан кој беспрекорно и стоеше, а модната монотонија ја разби со бел капут.
фото:ATA Images/Instagra, Katarina Sismanovic