Радио Милева

Водителката на „Пинк“ го спореди Милан Калиниќ со актер од филмови за возрасни

Водителката на „Пинк“ го спореди Милан Калиниќ со актер од филмови за возрасни

Во последната емисија на „Магазин ин“  гости беа Едита Арадиновиќ, Ацо Пејовиќ, Милан Калиниќ, Сергеј Четковиќ и Ана Кокиќ.

Веднаш на почетокот на емисијата, Сања Маринковиќ го спореди Милан Калиниќ со актер од филмови за возрасни.

„Не можам да кажам на кого ме асоцираше кога се појави во студиото, со кого те споредив. Тие бркови, тој стајлинг…..Ме потсети на Роко Сифреди“ изјави Сања низ насмевка.

„Роко Сифреди? Ти благодарам, не можев да добијам поголем комплимент, тој е идол на мојата младост“ изјави Милан.

фото: Принтскрин/јутуб

Потоа, водителката ги праша гостите кои особини треба да ги поседува еден маж за да има самодоверба.

„Јас не сум некој фраер, јас сум човек со две кратки нозе, отсекогаш ги привлекував жените“ изјави водителот и додава:

„Ми вела дека ги привлекувам со тоа што имам неверојатна самодоверба.  Жените сакаат сигурни мажи“ истакна Калиниќ.

To top