Радио Милева „посилно од се' “...

Водителката на „Бекстејџ“, Барбара Ракичевиќ дебитира во музичките води: Ќерката на Мелита станува пејачка (ФОТО)

Водителката на „Бекстејџ“, Барбара Ракичевиќ дебитира во музичките води:  Ќерката на Мелита станува пејачка (ФОТО)

Старата народна поговорка вели: „Крушата под круша паѓа“, што многупати се покажало како точно, иако некои работи се од Бога дадени, а божјата дарба не секому му е во генот!

Мелита Ракичевиќ, некогашната македонска ТВ водителка, минатата година „отворајќи ја душата“ во естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, ја запозна пошироката јавност со нејзината малолетна ќерка, тогаш 14 годишната Барбара, која уште тогаш ги најави своите уметнички предиспозиции.

Иако уште тогаш Барбара го покажа својот талент за пеење, очигледно „крвта не е вода“,  па она што мама Мелита некогаш го работеше во телевизиите: Сител, А1 и АБ канал, Барбара, која непосредно пред тоа  наполни 15 години,  о продолжи токму во „Бекстејџ“, како водителка на естрадниот магазин од зад сцената, каде тогаш ја замени Миа Костова.

Младата новопечена водителка сосема солидно си ја вршеше својата работа во улога на презентер и модератор на естрадните случувања. Дури подобро и од некои, кои веќе имаа многу поголемо искуство во таа професија од младата убава и шармантна водителка.

Можеби водителството и се учи, ама пејачките се раѓаат, а ваквите тврдења се совпаѓаат со она што од Барбара можеше да  се слушне уште при нејзиното прво јавно преставување на поширокиот аудиториум.

Младата водителка не ретко на своите профили на социјалните мрежи споделуваше видеа на кои Барбара изведува познати домашни, регионални и светски хитови во караоке верзија. Младата убавица на матрица, сама со микрофонот пред камерата како да сесакаше да го „опипа пулсот“ на јавноста, пред да се втурне во нова авантура. Овој пат, музичка или поточно вокална!

 

View this post on Instagram

 

@badrich

A post shared by Barbara Rakicevic (@barbara_rakicevic) on

Дали Барбара дефинитивно  одлучила да стане пејачка и да снима дузина свои песни – ќе покаже времето, но она што е очигледно е дека Барбара навистина има  талент за музика и добро пее, а првиот посериозен чекор во светот на музичката естрада, веќе е тука.

Имено, денес, среда, 30 септември 2020 година Барбара Ракичевиќ во 19 часот на Јутјуб каналот ќе ја промовира својата прва сопствена песна и видеото за неа. Темата насловена „Посилно од се’ “ е комплетно авторско дело на еден од далеку најдобрите македонски женски вокали,академски музичар, педагог и автор, Андријана Јаневска, која ги потпишува музиката, стиховите и аранжманот на песната, која пак е снимена во нејсиното семејно „Гиновски мјузик студио“.

Видеото пак го изработил уште еден проверен мајстор, познатиот уметнички фотограф и видео – режисер, Зоран Стојановски – Зонде. За стилираната убавина на ионака убавата и атрактивна 16 годишна водителка, а отсега и пејачка, се погрижил веројатно најдобриот во својот занает, најпознатиот македонски мејкап стилист и фризер, Александар -„Дадар“.

Мама Мелита „остана тивка“ во најавите на социјалните мрежи за стартот на новата кариера на нејзината ќерка, но затоа пак среќниот татко не можеше да додржи да не ја најави промоцијата на дебитантската песна на својата наследничка Барбара.

И разбирливо, зашто некои работи како „патот кон успехот“ на своето чедо е нешто, што е… „Посилно од се’!“

 

To top