Светот на модата преку ноќ се менува. Секојдневно со брзина на светлината се појавуваат нови трендови, човек веќе не може ниту да ги пофаќа ниту да ги следи. Но, затоа пак оние што се познати и популарни, јавни фаци, сакале-несакале, мораат да бидат во тек со модата или што би рекеле во тренд… Ако сакаат популарноста да им расте или барем да не им опаѓа, меѓудругото треба да знаат што се носи, што е модерно, што е ин, а што аут, во што треба да си облечен(а), ама очигледно и што треба да носиш на себе кога си соблечен(а).
Така е насекаде… И кај светските ѕвезди и кај домашните. Така на пример неодамна светски познатата манекенка, топ модел и ТВ водителка – Хајди Клум, неодамна покажа што е тоа што во моментов е ултрамодерно.
Имено таа на прославата по повод објавувањето на новата песна на пејачката Ким Петрас и раперката Ники Минаж се појави во „златен фустан“ со деколте однапред и не гол грб, туку и голо га*е одназад.
Сепак она што ги залепи “влажните погледи“ за овалната задница на русокосата убавица беше нејзината комбинирана танга – синџирче.
View this post on Instagram
Дека не се имуни на ваквата „специфична мода“ и домашните ѕвезди, покажаа неодамнешните примери на две познати македонски убавици од естрадно-телевизиските води.
Имено, битолската фолкерка со скопска адреса на живеењњ, Марија Луиса Тодоровска, во последно време позната како „кралица на бакшишот“ и новопечената ТВ водителка на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, сексапилната тетовка Ева Евче Јовановска, исто така покажаа дека знаат како е да бидеш модерно облечена, ама и што треба да носиш на себе кога си соблечена!
Евчето секогаш убаво дотерана и стокмена, не така оддамна во една прилика се појави во розово фустанче, кое гледано однапред изгледа ем многу модерно, ем повеќе од пристојно. Закопчана до грло и со должина до колена, а сепак елегантна и заводлива, младата водителка чиниш излегла од некоја модна насловница.
Арно ама, возбудата следува допрва, кога Ева ќе го заврти грбот, кој е разголен, а трите страни на фустанот во форма на буквата „Y“ ги спојува токму синџирчето… И тоа збогатено со светкави циркони во форма на накит.
Дали и со она што го носи под него водителката го следи трендот, налик на светски познатата манекенка Хајди Клум – не дознавме!
Затоа пак она што го носи на себе Марија Луиса откако се’ од себе ќе соблече и тоа како ќе ве привлече… Особено ако сте еден од оние вистинските мажи или можеби „модерно определени“ жени, сеедно. Важно е да е возбудливо… А не да е, дури и повеќе од тоа… Особено тангата која битолската фолкерка неодамна ја изрекламира, откако тоа го стори на својот Инстаграм „story“.
Имено, Марија Луиса, топлес, до душа свртена со грб и без комплекси покажа што е секси. Нејзината убава заоблена задница и во неа длабоко потонатата танга со синџирче на кое се прикачени 4 магични букви – „Ѕexy“!
Пејачката рака на срце, не покажа како тоа и стои однапред, ама затоа е повеќе од јасно дека ваквата тренди возбуда ја чува за посебни прилики во кои од нивото на фасцинацијата зависи и кулминацијата!
Како и да е и младата водителка и битолската фолкерка знаат како е да бидеш модерно облечена, ама и што треба да носиш на себе кога си соблечена. Зашто на Марија Луиса и Евчето на вистинско место им стои синџирчето!
Фото: Инстаграм принтскрин/_evce_/luisa.todorovska