ТВ водителката Милена Антовска Станковска се појави пред камери во емисијата „По дома со Александра“ на нејзината матична ќука Канал 5.
Како што веќе е познато, Милена е на породилно отсуство по породувањето со втората ќерка Јоана пред пет месеци.
Колегите и дојдоа да ја снимаат во маало и да поразговараат, а со тоа и да им ги пренесат одговорите на прашањата кои ги поставуваат гледачите на кои им недостига во утринската програма.
View this post on Instagram
Најголемиот дел од разговорот беше за мајчинството и дали е полесно кога си мајка по вторпат, како се однесува Лана Марија кон бебто, но и дали има помош од сопругот Гордан. Меѓудругото Милена откри и дека засега се уште не знае во каков ТВ формат ќе се врати на работа од октомври и дека треба да разговара со претпоставените.
Видеото од интервјуто се најде и на Јутјуб, а Милена во објавата им се заблагодари на колешките, а на сопругот му порача да погледне:
View this post on Instagram
-Александра Илиевска благодарам за убавата најава.Бисера Ловачева ти благодарам и тебе, секогаш носиш една позитивна енергија што се забележува и на камера. За оние кои го пропуштија разговорот во рамките на “Здраво Македонијо” на Канал 5 ТВ. Гордан Станковски погледни и ти, напиша Милена на својот Фејсбук профил.
Погледнете:
фото:Инстаграм /принтскрин Јутјуб