Веста дека водителката Јована Јеремиќ поднела оставка на телевизијата „Хепи“ одекна како бомба, а таа самата ја објави информацијата и ја објасни целата ситуација пред медиумите.
„Сакам да се посветам на моето дете кое беше запоставено за сметка на високиот шер на телевизијата „ Хепи “. Сега морам да и посветам повеќе време“, започна таа, а потоа продолжи:
„Поминав 10 години на ТВ ‘Хепи’, за ова време дотуркав на шер 20, што е очигледно, но за сметка на тоа што страдаше мојот приватен живот“, продолжи водителката.
Јована истакна дека нема проблеми на телевизијата „Хепи“ и не дала заради тоа отказ и дека таа ќе продолжи да негува коректен однос со првиот човек на телевизијата, Миломир Мариќ.
„Немав проблем со никого, едноставно ова беше моја одлука. Јас го гледам Мариќ како татковска фигура и тоа ќе остане така“.
Многумина исто така се интересираа дали можат гледачите да ја очекуваат на некоја друга фреквенција, а бидејќи веќе се шпекулираше за нејзино преминување на одредени телевизии, Јована откри нешто повеќе за тоа:
„Не би зборувала за никакви премини, знам да работам, па за некој како мене, нема зима. Јас сум жена што прави програма, формира медиуми, создава приказни… Некој за кого секогаш ќе има работа. не бев ставена тука, на ова место, затоа што сум нечија швалерка“ – објасни таа.
„Во иднина, мој приоритет ќе биде работашто е во согласност со моето дете и мојот сопруг. Јас веќе не сум девојче, не може да се очекува да влечам“ – додаде таа. Јована исто така истакна дека нејзиниот сопруг Воислав ја поддржува во секоја животна одлука, што беше случај и сега.
„Мојот сопруг ме поддржува во сè и секоја одлука, па и во оваа е така“- резимираше Јеремиќ.