Во домашните медиуми деновиве се пишуваше дека младата пејачка Антониа Гиговска и нејзиното момче и колега, Иван Јованов, Денот на вљубените го поминале во Белград.
За тоа сведочеа и фотографиите кои ги објавија на Инстаграм, а дополнително се појавија и гласини дека Иван убаво се подновил со тоа што наводно си купил стан во Белград и станал газда на недвижнина во главниот град на Србија.
View this post on Instagram
Прилог на тоа беше фотографијата на Антонија која позира наводно токму во новото гнездо на саканиот.
Иван не чекаше многу, па деновиве на својот профил објави фотографија од Белград со која потврди дека навистина бил таму, а дали се пошегува со коментарот дека си купил стан или не, најдобро знае самиот.
View this post on Instagram
-По купувањето на станот во Белград- лабаво, напиша Иван во описот, а следбениците веднаш му честитаа во коментари.
View this post on Instagram
Музичката естрада е во длабока криза поради мерките од корона пандемијата, но Иван барем навидум според коментарите – „може да си дозволи или…“
Дали ова значи дека ќе почесто ќе биде на српска адреса, а можеби и планира нешто повеќе во музичката кариера надвор од Македонија, останува времето да покаже.