Јутјуберката Ања Благојевиќ, попозната како Ања Бла, девојката на инфлуенсерот Богдан Илиќ (Бака Праса), се појавила на настан во главниот град во никогаш попредизвикувачко издание.
Ања блескала во долг црн фустан со отворен грб кој ја истакнува нејзината фигура, а многумина забележаа дека под фустанот не носи градник.
Фустанот го искомбинирала со чевли на високи потпетици и црна чанта, а она што на сите им паднало во очи е фактот што во раката држела скап телефон кој, инаку, го добила на подарок од нејзиното Јутјубер момче, со кого неодамна реши повторно да заплови во врска.
View this post on Instagram
Ања е многу популарна на социјалната мрежа Инстаграм каде често објавува разголени фотографии, но и видеа во попровокативни стилови кои ја истакнуваат нејзината извајана фигура. Исто така, таа често промовира здрав живот и со својот личен пример ги поттикнува фановите да тренираат и вежбаат.
Фото: Принтскрин/Лола Стојановиќ/Инстаграм