Живот и Стил

Во сабота е Василица: Според верувањата ако го направете ова децата ќе ви бидат здрави цела година

Во сабота е Василица: Според верувањата ако го направете ова децата ќе ви бидат здрави цела година

На први јануари според стариот календар, односно на 14 јануари според новиот, македонскиот народ празнува Василица.

На овој ден верниците кршат и пита со паричка и се верува дека на оној кој ќе му се падне ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат, а домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето. Ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна. Сувото време носи суша.

Во сабота никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз.

To top