Лесно се вклопуваат во сите стилови, можат да се носат во безброј прилики, а во нив нозете изгледаат повитко. Со еден збор – совршени!
И оваа година чизмите над колена се апсолутен хит. Оваа зима на врвот на модната листа се чизмите изработени од кожа, а модните експерти едногласно се сложија дека црната боја е без конкуренција.
Чизмите над колена најдобро се комбинираат со плетени фустани, но ефектно изгледаат и во комбинација со фармерки или хеланки. Уште еден плус е тоа што визуелно ги издолжуваат нозете, особено доколку се одлучите за модел со високи потпетици.
Овој модел на чизми е дефинитивно парче во кое вреди да инвестирате, а модните експерти велат дека нивната популарност нема да опадне ниту во текот на наредната година.
Еве како да ги носите оваа сезона:
Извор: точка.мк