Вчеравечер, среда 22 декември 2021 год. во белградската „Комбанк арена“ се одржа солистичкиот концерт на Јелена Томашевиќ, чиј моќен глас ја воодушеви белградската публика.
Пејачката во празничното издание облечена во свечен фустан со светки, зрачеше со енергија и блескаше на сцената, особено возбудена зашто во публиката седат нејзините најблиски.
Ќерката на Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ, рака под рака со својот татко, дојде да ја поддржи мајка си, која по долга пауза повторно пееше во српската престолнина.
Кога се појави на влезот Нина Босиљчиќ, присутните останаа без текст. Малата, мини реплика на нејзината мајка Јелена, влезе во салата придружувана од нејзиниот татко Иван.
Нина убавината, а пред се ставот и манирите на вистинска млада дама ја наследила од своите родители, а убавината и грациозноста од нејзината мајка Јелена, на која речиси и го украде шоуто пред тоа и да започне.
Присутните можеа да го забележат и она за што Јелена многупати зборуваше во нејзините интервјуа: Нина Босиљчиќ е реплика на мама, но дефинитивно е татина принцеза.
Фото: ATA Images