Александра Пријовиќ го прослави својот 27 роденден во кругот на најблиските, во скромниот дом на своето семејство.
Таму беа мајката на пејачката Борка, бабата и дедото, таткото Недељко, неговата сопруга и синот на славрничката, малиот Александар, но не и сопругот Филип.
Александра ги дуваше свеќите не само на една, туку на две торти. На првата пишуваше „Среќен роденден“, но второто, направено во духот на нејзиниот омилен пијалок – пивото, привлече поголемо внимание.
Роденденката на „Инстаграм“ објави серија фотографии на кои можеше да се види како блеска од среќа, а доволно кажа и краткиот опис „Моите најсакани“.
фото:Инстаграм принтскрин