Синот на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ го прослави својот 1ви роденден, а по тој повод беше организирана прослава во еден белградски ресторан.
Декорацијата била во мотиви на лав, а роденденската торта на 3 спрата.
За оваа прилика малиот Жељко беше облечен во бело – црвено костум во комбинација со црвена машна и појас во иста боја.
Меѓутоа, како што пишуваат медиумите овој костум бил на Вељко кога бил мал, па Цеца го чувала сите овие години токму за овој ден- роденденот на внукот.
Вељко на роденденот се појавил во костум, додека пак Богдана одбрала фустан во сребрена боја.
На прославата присуствувале и голем број на познати личности меѓу кои Мелина и Харис Џиновиќ, Урош Живковиќ, Марина Вишковиќ, Сања Ѓорѓевиќ, Слоба Радановиќ, Аца Лукас и многу други.
Како што пишуваа медиумите, Цеца за прославата платила 15 000 евра.