Земјоделец од источна Индија открил ректа желка со жолта боја која стручаците ја припишуваат на албинизам, пренесуваат медиумите во врска со вториот откриен случај на албино желка во оваа земја.
Басуде Махапатра ја забележал желката додека работел во полето во селото Санџапур во округот Баласоре и решил да ја понесе. Тој ја нашол желката во неделата и им ја предал на локалните шумари кои ги повикале стричњаците.
Сидарта Пати, извршен директот на Здружението за зачувување на биодиверзитетот, изјавил за CNN дека првпат видел ваков вид желка. Појаснува дека бојата потекнува од албинизмот.
„Тоа е природни нарушување и го карактеризри целосен или делумен недостиг од ензимот тирозиназа“, вели Пати.
Желката, за којашто се проценува дека е возрасна и стара меѓу година и пол и две години, е пуштена во дивината во Баласоре, додал Пати.
Odisha: A yellow turtle was rescued by locals from Sujanpur village in Balasore district. It was later handed over to Forest Department officials. B Acharya, Wildlife Warden says, “This is a rare turtle, I have never seen one like this.” (19.07.20) pic.twitter.com/MWxjLzabyc
— ANI (@ANI) July 19, 2020
„Често наоѓаме желки и ракови, и ги спасуваме и ги пуштаме во вода. Но оваа е првпат во регионто Одиша и вторпат во Индија како е најдена албино желка“, додал Пати.
Во 2016 година ретка албино зелена желка, којашто штотуку се излегла беше пронајдена на австралиска плажа.
извор:нетпрес.ком.мк