„Тесла“ ја отвори својата нова фабрика за електрични автомобили во околината на Берлин. На свеченоста, Илон Маск се очекува да им ги предаде првите возила „Модел ипсилон“ на нарачателите.
Таканаречената „Гигафактори“ (Gigafactory), сместена во руралната покраина Бранденбург, во којашто се наоѓа главниот град на Германија, е првиот погон за електромобили на „Тесла“ во Европа.
Од компанијата се надеваа дека ќе почнат со производство минатото лето, но процесот на одобрување од државата се одолжи, делумно и зашто фирмата одлучи да додаде и фабрика за батерии на тоа место, и таа е сè уште во изградба.