Изминатите месеци се изнагледавме ретро фотографии од познатите Македонци кои на своите профили одговорија на предизвиците од своите славни реални и виртуелни пријатели и колеги, па покажаа какви биле како деца. Но, секогаш има нешто невидено.
Овој пат, на ваквиот предизвик одговори актерката за која периодов читавме и гледавме доста. Станува збор за младата и позната актерка Ана Стојановска која во екот на зимата сподели една ретро летна, од времето кога била малечка.
На плажа во костим за капење, насмеана и неодолива. На прв поглед тешко да погодите дека е таа, но оваа слатка мала е нашата Ана.
Денес вистинска дама, успешна и со темперамент од кој детскиот дух не ретко е нејзина одлика.
View this post on Instagram
Неодамна таа предизвика бура рекции од изборот на провокативниот и секси стајлиг со кој издоминира на Сараевски филмски фестивал, каде беше дел од екипата на филмот на Мачневски, „Кајмак“.
View this post on Instagram
Ана Стојановска која е препознатлива по филмовите на Манчевски беше меѓу глумиците што го привлекоа вниманието на црвениот килим, а по истиот сигурно ќе биде запаметена како највпечатлива и модно најкоментирана за 2023 година.
Ана едноставно кажано доминираше со својот минималистички, но ултра впечатлив стајлинг кој го износи перфектно.
Мислењата беа поделени, но ефектот беше интензивен и експлозивен.
фото: Instagram printscreen/ anchi.stojanovska