Српскиот моден уметник и стилист Александар Драмиќанин ѝ направи драстична трансформација на својата 86-годишната баба Милоратка. Објавата на уметникот стана вистински хит на социјалните мрежи, а за него почнаа да зборуваат и оние што досега воопшто и не знаеле за неговата работа.
„За време на карантинот минатата година за првпат ја нашминкав. Тогаш за првпат во животот ја обои и косата. Таа е баба од село, живее во Ивањица. Ја искористив пригодата да ја средам кога тоа никому не му беше достапно, само таа го имаше тој луксуз“ – раскажа Александар.
„Баба ми, како и поголемиот број жени што живеат на село, не се шминка, не ја бои косата и носи марама. Но, тоа е жена што плени со внатрешна и надворешна убавина и така дојдов до идеја да ја средам“ – открива Александар за срспките медиуми.
Драмиќанин е моден уметник кој веќе 15 години работи во Белград, а досега соработувал со голем број познати личности.